Ново истражување покажа дека само 17 отсто од возрасните Американци го одобруваат начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со трошоците за живот, додека околу три четвртини ја оценуваат состојбата на американската економија како лоша.
Околу 65 отсто од Американците сметаат дека политиките на Трамп се главна причина за високите цени, додека кај републиканците ставот е поинаков – 67 отсто од нив велат дека причините се фактори надвор од неговата контрола.
Околу шест од десет републиканци сепак не го одобруваат неговото справување со трошоците за живот.
Истражувањето, спроведено од 24 до 28 септември меѓу повеќе од 2.000 возрасни лица, покажува и ниска поддршка за начинот на кој Трамп ја води економијата – 26 отсто го одобруваат неговото работење во оваа област.
Само околу три од десет Американци генерално го одобруваат неговото работење како претседател.












