Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трет ден насилни протести во Тирана – повредени 90 луѓе

/

Свет

Сподели преку :

Синоќа, трет ден по ред, демонстранти предводени од студенти се судрија со албанската полиција во главниот град Тирана. Тие се приклучија на поширокото антивладино движење, започнато како реакција на голем развоен проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Млади луѓе, кои протестираа против долгогодишната социјалистичка влада во Албанија, фрлаа камења кон полицискиот кордон пред Министерството за образование, а полицијата за разбивање демонстрации одговори со солзавец и водени топови. Полицијата приведе неколку демонстранти.

Овие најнови судири уследија по немирите во средата, кога демонстрантите нападнаа владини згради, банки и деловни објекти. Според Министерството за здравство, повредени се 89 лица, меѓу кои и 61 полицаец.

Протестите беа предводени од студентски групи кои бараат реформи во образованието.

Тие се приклучија на таканареченото „движење фламинго“, кое бара оставка од премиерот Еди Рама поради обвинувања за распространета корупција, а истовремено се противи на изградбата на голем луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициска фирма основана од Кушнер.