Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека војната со Иран би можела да заврши „многу наскоро“, велејќи дека Техеран сака да постигне договор со Вашингтон.
Трамп не даде детали за евентуалните преговори, но порача дека договор може да биде постигнат „во секое време“.
На предизборен собир во Северна Каролина, американскиот претседател рече дека е време САД да престанат да ги „издржуваат речиси сите земји во светот“, притоа особено издвојувајќи ги европските нации.












