Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Војната со Иран ќе заврши по изборите

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува војната со Иран да заврши пред ноемвриските меѓуизбори во САД. Тој оцени дека конфликтот би можел да заврши „веднаш по изборите“, а потоа очекува значителен пад на цените на нафтата.

Трамп го даде коментарот додека патуваше во Тексас, каде што се одржува првата конвенција на Републиканската партија посветена на меѓуизборите.

Тој призна дека војната предизвикува економски притисок и повисоки цени на горивата, но порача дека краткорочните последици се оправдани доколку се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Техеран, пак, постојано негира дека има таква намера.

Конфликтот, кој трае веќе седми месец, дополнително ги зголеми цените на енергенсите и изврши притисок врз рејтингот на Трамп.

Цената на нафтата вчера надмина 100 долари за барел, а растот на трошоците за гориво се заканува да предизвика дополнително поскапување на стоките и транспортот.

Американските меѓуизбори ќе се одржат на 3 ноември, а Републиканците се соочуваат со ризик да ја загубат контролата врз Конгресот.

Трамп ветува 5.000 долари за секој полнолетен Американец

Американскиот претседател Доналд Трамп вети исплата од 5.000 долари за секој полнолетен американски граѓанин доколку Републиканската партија ја задржи контролата во Сенатот и Претставничкиот дом по ноемвриските меѓуизбори. На конвенција на Републиканската партија во Далас, Трамп ја нарече мерката „дивиденда на Трамп“. Со повеќе од 245 милиони полнолетни лица во САД, ваквата исплата би чинела… Продолжи со читање

telma.com.mk