Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ветува 5.000 долари за секој полнолетен Американец

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп вети исплата од 5.000 долари за секој полнолетен американски граѓанин доколку Републиканската партија ја задржи контролата во Сенатот и Претставничкиот дом по ноемвриските меѓуизбори.

На конвенција на Републиканската партија во Далас, Трамп ја нарече мерката „дивиденда на Трамп“.

Со повеќе од 245 милиони полнолетни лица во САД, ваквата исплата би чинела над еден трилион долари, што отвора сериозни прашања за нејзината финансиска и политичка изводливост.

За споредба, Трамп и претходно предложи директна исплата од 2.000 долари финансирана од приходите од царини, но тој план не беше реализиран.

На 3 ноември Американците ќе избираат членови на Сенатот и целиот состав на Претставничкиот дом.

Републиканците во моментов имаат тесно мнозинство, особено во Претставничкиот дом, а Трамп ветувањето го оправда со, како што го опиша, силниот успех на американската економија.