Таксата за мали пакети, особено за оние од Кина, што ја воведе Европската унија (ЕУ) од 1 јули доведе до пад на увозот за 30 до 40 проценти, објави денеска француското Министерство за економија, повикувајќи се на податоци од француската царина.
„Ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“, рече францускиот министер за економија Ролан Лескир.
Тој ги поздрави ефектите од тој данок, кој ги таргетира главните азиски платформи за онлајн продажба, Тему, Алиекспрес, Шаин.
Дополнителниот данок претходно воведен од Франција немаше очекуван ефект, но данокот воведен од ЕУ од 1 јули се покажа како ефикасен, наведува францускиот весник.












