Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасувачка акција по силниот земјотрес во Колумбија

/

Свет

Сподели преку :

Спасувачките екипи во Кали продолжија со потрагата по преживеани по силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија. Потрагата и спасувачките операции се одвиваат во повеќе градови и населени места во регионот, каде што голем број луѓе останаа заробени под урнатините.

Локалните власти во Кали, Переира, Чоко и Манисалес соопштија дека во тие области загинале најмалку 179 лица, додека централната власт претходно објави бројка од 111 жртви.

Земјотресот со магнитуда 7,4 степени по Рихтер предизвика големи материјални штети, при што се пријавени околу 1.600 оштетени или урнати објекти. Во спасувачките операции учествуваат војници, професионални спасувачки екипи и локални жители, кои рачно ги расчистуваат урнатините во потрага по преживеани…