Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сибиха: Разговорите на финскиот и норвешки лидер со Путин беа координирани со Киев

/

Свет

Сподели преку :

Разговорите меѓу лидерите на Финска и Норвешка со рускиот претседател Владимир Путин беа координирани со Киев, изјави денеска шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, цитиран од британските медиуми.

Ја поздравуваме таквата активна поддршка за нашите дипломатски напори и мировниот процес. Овој разговор беше координиран со нас и ова е вистинскиот пристап, изјави Сибиха.

Прекинот на огнот, посредуван од САД, во украинскиот град Олешки, кој е окупиран од Русија, каде што жителите пријавија криза со храна, би можел да биде мерка за градење доверба во поширокиот мировен процес, рече тој.

Ако видиме резултати во Олешки, ова би можело да го отвори патот за други чекори во мировниот процес, рече Сибиха.