Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкот на комуналците во Загреб прогласен за незаконски

/

Свет

Сподели преку :

Денес е третиот ден од штрајкот на работниците во јавниот превоз (ZET) и во комуналните служби во Загреб. Синдикатите што ги претставуваат ZET и „Загреб Холдинг“ штрајкуваат барајќи повисоки плати, додека градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека нема да попушти пред ултиматуми, објави index.hr.

Жупанискиот суд во Загреб го прогласи штрајкот во „Холдинг“ за незаконски и издаде налог за негова забрана, одлуката за штрајкот во ZET сè уште се очекува.

Судот го забрани штрајкот на комуналните работници. Дури и ако судот го прогласи штрајкот за незаконски, тој не завршува автоматски. Судот вчера го отфрли барањето за привремена забрана на штрајкот.

Штрајкот на јавниот превоз во Загреб продолжува – нема договор меѓу градската управа и синдикатите

Штрајкот на работниците од ZET и „Загреб Холдинг“ продолжува и денес, откако претходниот ден јавниот превоз во Загреб беше речиси целосно запрен, информира Index.hr. Преговорите меѓу градската управа и синдикатите не резултираа со договор. Градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека Градот нема да попушти пред новите барања на синдикатите, додека синдикатите ги обвинуваат градските власти за… Продолжи со читање

telma.com.mk