Јавниот превоз во Загреб е блокиран откако вработените во Загрепскиот електричен трамвај започнаа штрајк во 3:30 часот утрово, барајќи подобри работнички права и повисоки плати.
Штрајкот го опфати и дел од вработените во комуналната служба.
Градските власти предупредуваат на сериозни сообраќајни метежи, особено во периодите од 7 до 9 часот наутро и од 15 до 17 часот попладне.
Во јавниот превоз дневно се превезуваат околу 500.000 патници, а градот планира да го регулира сообраќајот со Центарот за управување со сообраќајот и со 50 до 60 сообраќајни редари.
На граѓаните им се препорачува, доколку мораат да патуваат, да организираат заеднички превоз и да ги одложат непотребните патувања.
Од комуналното претпријатие пак најавуваат дека дел од работниците сепак ќе работат на отстранување на отпадот од болници, училишта, градинки, домови за стари лица и други критични локации.
Синдикатот предупредува дека натрупување отпад по улиците е малку веројатно во првиот ден, но не го исклучува доколку штрајкот потрае неколку дена.












