Вкупно 36 лица побарале медицинска помош во Клиничкиот центар во Сплит поради повреди здобиени во големиот пожар кај Омиш. Од нив, 14 се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашно лекување.
Седум пациенти се на интензивна нега и се во животна опасност, додека уште тројца се исто така на интензивно лекување.
Повеќето од повредените имаат изгореници, а дел побарале помош поради проблеми со дишењето предизвикани од чадот.
КБЦ Сплит ги ангажираше сите расположливи медицински тимови, а поради зголемениот број пациенти на работа се повикани и вработени кои биле на одмор.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово ќе го посети Омиш.

Големиот пожар што избувна синоќа кај Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните населени места. Во текот на ноќта биле евакуирани околу 200 лица, а според последните информации, 19 лица се повредени, меѓу кои има и лица со изгореници. Пожарот оштетил куќи, автомобили, маслинови насади и ресторани, а зафатена е и тврдината Фортица. Силниот… Продолжи со читање












