Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар кај Омиш, евакуирани околу 200 лица

/

Свет

Сподели преку :

Големиот пожар што избувна синоќа кај Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните населени места. Во текот на ноќта биле евакуирани околу 200 лица, а според последните информации, 19 лица се повредени, меѓу кои има и лица со изгореници.

Пожарот оштетил куќи, автомобили, маслинови насади и ресторани, а зафатена е и тврдината Фортица.

Силниот ветер придонел огнот за само два часа да се прошири од Мимиќи до Омиш.

Утрово на терен пристигнуваат дополнителни противпожарни екипи од други делови на Хрватска, а во гаснењето учествуваат и четири канадери.

Надлежните велат дека ситуацијата е под контрола, но проценката на штетите ќе може да се направи по целосното гаснење на пожарот.

Сателитски снимки регистрирале околу 200 жаришта во пошироката област на пожарот во текот на синоќешните часови.