Најмалку пет лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати по пожар што избувнал на патнички траект во водите кај островот Палаван на Филипините.
На траектот „MV June Aster“, кој пловел од Манила кон Корона, имало 134 лица – 117 патници и 17 членови на екипажот.
Според крајбрежната стража, досега се спасени 43 лица, додека спасувачката операција продолжува.
Бројот на исчезнати може да се промени, бидејќи потрагата сè уште трае. Лошото време, силните бранови и морските струи дополнително им ја отежнуваат работата на спасувачите.
Пожарот избувнал вчера околу 18:45 часот, додека траектот се наоѓал во близина на Корона.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот, а филипинската крајбрежна стража соработува со компанијата што управува со бродот и со поморските власти во истрагата.












