Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов напад врз аеродромот во Ријад, Саудиска Арабија се заканува со одмазда

/

Свет

Сподели преку :

Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад денеска повторно бил погоден , откако непознат проектил удрил во патничкиот терминал 4 и предизвикал пожар и повредени, соопштија саудиските власти.

Воздушната одбрана пресретнала и крстосувачка ракета во близина на аеродромот. Нападот се случува само еден ден по претходниот ракетен удар, во кој загинаа 13 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

По новите напади, властите го продолжиле затворањето на аеродромот и најавиле онлајн настава во училиштата до четврток.

Одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути, кои се заканија со нови удари доколку продолжат саудиските воени операции во Јемен.

Групата ги повика авиокомпаниите, патниците и вработените да ги избегнуваат саудиските аеродроми и воздушниот простор.

Саудиската коалиција најави решителен одговор, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува можност САД директно да се вклучат во воената кампања против Хутите.

Досега Вашингтон обезбедувал разузнавачка и друга поддршка за Саудиска Арабија.

Ескалацијата го зголемува ризикот од поширок регионален конфликт, особено поради можноста Хутите повторно да ги нападнат бродовите што минуваат низ стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб.

Велика Британија најави одбранбена воена поддршка за Саудиска Арабија, вклучително и дополнување гориво за авионите што пресретнуваат ракети.

Меѓувреме, Саудиска Арабија побара дополнителна помош од Франција, Египет, Велика Британија и Пакистан, поради намалувањето на залихите на пресретнувачки ракети.

Новите напади дополнително ја загрозуваат стабилноста на регионот и меѓународниот транспорт на енергенси.

Ријад под масовен ракетен напад – итно предупредување за македонските граѓани

Итно безбедносно предупредување од македонската амбасада во Абу Даби за македонските државјани во Саудиска Арабија, особено во Ријад, по серијата воздушни напади врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“. На македонските државјани им се советува да бидат максимално претпазливи и строго да ги почитуваат упатствата на локалните власти. Се предупредува и да не се снимаат или споделуваат… Продолжи со читање

telma.com.mk