Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ријад под масовен ракетен напад – итно предупредување за македонските граѓани

/

Свет

Сподели преку :

Итно безбедносно предупредување од македонската амбасада во Абу Даби за македонските државјани во Саудиска Арабија, особено во Ријад, по серијата воздушни напади врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“. На македонските државјани им се советува да бидат максимално претпазливи и строго да ги почитуваат упатствата на локалните власти.

Се предупредува и да не се снимаат или споделуваат материјали од нападите, поради можни казни предвидени со локалните закони.

Во моментов над Ријад се издига чад, итните служби интервенираат, а патниците остануваат без одговор кога и дали ќе можат да полетаат.

Според извештаите, ракета погодила комплекс во кој се наоѓаат терминалите три и четири, наменети за домашни летови.

– Oперациите на аеродромот се привремено прекинати додека се врши целосна проценка на штетата и проверка на безбедноста на објектите, во координација со надлежните органи, информираа саудиските медиуми.

Саудиските власти соопштуваат дека во најновиот напад загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 300 се повредени… Меѓу жртвите има саудиски државјани, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан.

– Постапките што моментално се случуваат се длабоко за жалење. Зборовите не можат соодветно да ги осудат. Пакистан постојано истакнуваше, а и денес повторува, дека не постои никакво оправдување за агресијата на Хутите врз Саудиска Арабија, порача Мухамед Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан.

Меѓувреме, нападите врз цивилната инфраструктура ја зголемуваат загриженоста дека конфликтот се шири и отвора нови безбедносни ризици за регионот, меѓународниот воздушен сообраќај и енергетските пазари.

Американскиот претседател Доналд Трамп нападот врз Саудиска Арабија, ко опишува како страшен посочувајќи дека земјата има капацитет да се брани.

– Мислам дека тоа е ужасно. Па, ќе дознаете, Стив. Но, мислам дека е ужасно. Па, тие се способни да се одбранат. Видете, Саудијците се добри борци, но мислам дека нападот беше ужасна работа, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Неизвесноста околу летовите и можноста за нови напади продолжува. Во регион во кој секој нов удар може да отвори ново жариште, прашањето повеќе не е само кој е следната цел, туку и колку далеку ќе се прошири конфликтот.

Александар Петрески