Францускиот претседател Еманул Макрон се обрати пред француската јавност по низата протести во Франција кои беа пропратени со судири на полицијата и демонстрантите. Тој во обраќањето побара да се заштитат француските градови и да се носат одлуки доколку е потребно за забарна за собири и да се постапува одговорено.
„Прво, во сегашниве околности, префектите ќе носат одлуки во координација со градоначалниците за да ги заштитат нашите градови, јавните објекти и деловните субјекти, при што, доколку е потребно, ќе преземаат мерки како што се забрана за одредени собири и други неопходни дејствија. Второ, ги повикувам сите политички партии, како и професионалните и синдикалните организации, недвосмислено да го осудат секое насилство и да повикаат на смиреност. Сите мора да постапуваат одговорно., порача Макрон во своето обраќање пред нацијата.

Париз, но и многу други градови во Франција, ја проценуваат штетата по протестите против зголемените трошоци за живот и лошите услови во училиштата кои прераснаа во насилство врз полицијата, вандализам, грабежи, палења. Околу Ограбени и уништени дуќани и аптеки, превртени возила, девастирани улици…. Само во Париз се уапсени рекордни 855 луѓе, повредени се 13 полицајци… Продолжи со читање












