Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Литванија е подготвена да возврати, ако биде нападната – изјави премиерот за Би-би-си

/

Свет

Сподели преку :

Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека неговата земја изготвила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека тие „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.

Литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, особено поради зачестените случаи на навлегување дронови во воздушниот простор на земјата. Минатата недела  пилоти на ловци на НАТО соборија дрон што навлезе во воздушниот простор на Литванија. Иако потеклото на дронот не е потврдено, литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас за емисијата „Њузхаур“ (Newshour) изјави дека тој дошол од правец на Белорусија – соседна земја на Литванија и клучен сојузник на Русија.

Доколку Литванија биде нападната, земјата ќе возврати, изјави литванскиот премиер Миндаугас Синкевичиус за емисијата „Њузнајт“ на Би-Би-Си.

„Ќе возвратиме… ќе се вклучиме во борба“, изјави Синкевичиус, додавајќи дека властите имаат подготвено планови за различни сценарија.