Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француската Даночна управа мета на голем сајбер напад – украдени податоци на илјадници обврзници

/

Свет

Сподели преку :

Француското Министерство за финансии објави за голем сајбер напад во кој се украдени податоци на физички и правни лица, даночни обврзници. Од таму појаснија дека мета на нападот што се случил кон крајот на јуни била Даночната управа, пренесува Ројтерс.

Истрагата потврдила дека податоците биле прегледувани и украдени во нападот. Во тек се дополнителни проверки за да се утврди за кои податоци точно станува збор и колкав е точниот број на погодени даночни обврзници.

„Сите корисници чии податоци се компромитирани ќе добијат лични пораки со детали за тоа до кои информации потенцијално се пристапило или се украдени. Ќе добијат и насоки за мерки на внимателност што ќе треба да ги преземат“, соопшти министерството за финансии на Франција.

Платформата FrenchBreaches, која ги следи сајбер нападите во Франција објави дека се украдени податоци на речиси 700.000 даночни обврзници. Притоа наведуваат дека информацијата ја добиле директно од хакерите кои презеле одговорност за нападот. Од француското Министерство за финансии засега не ги коментираат бројките што ги објави FrenchBreaches.