Пространство на изгорени шуми во регионот Жиронд, а противпожарните екипи продолжуваат да се борат со масивниот шумски пожар во југозападна Франција.

Се предвидува дека температурите низ цела Франција ќе се искачат над 40 степени Целзиусови, што ќе ги комплицира напорите.

Шпанската влада веќе крои план за пошумување.
- „Државен пакт, државен пакт како одговор на климатската криза, бидејќи веќе размислуваме за обновување на шумите во погодените области и мора да го направиме тоа. Владата на Шпанија ќе биде таму со другите администрации, територијалната, покраинската, доколку е применливо, а исто така и локалните. Но, овој пристап што мора да го имаме кон обновувањето на шумите, а исто така и кон реконструкцијата на погодените општини, мора да вклучи клучна трансверзална променлива, а тоа е климатската криза и нејзините последици. Таа предизвикува пожари кои може, но и не мора да бидат намерни, но во секој случај, тие експоненцијално се зголемуваат поради овие високи температури, ниска влажност, а исто така и атмосферските феномени што ги предизвикуваат овие големи пожари во нашите шуми“ – Педро Санчез, шпански премиер.

Низ Франција и Шпанија, 330.000 луѓе се раселени поради шумските пожари.

Повеќе од 2.200 пожарникари и над 20 авиони останаа мобилизирани, поддржани од екипи од цела Франција и европски партнери.
Б.С.












