Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ќе отвори два преговарачки кластера со Украина и со Молдавија на 13 октомври

/

Свет

Сподели преку :

Претставниците на Европската Унија денеска се договорија за отворање на уште два преговарачки кластера за Украина и за Молдавија, пренесуваат европските медиуми.

Официјалниот преговарачки процес за двата кластера кои се однесуваат на внатрешниот пазар и на конкурентност да започне на 13 октомври.

„Фајненшл тајмс“ претходно месецот, повикувајќи се на извори, објави дека властите во Унгарија се согласиле да го повлечат ветото за овој дел од преговорите со Украина.

Процесот на разгледување на кандидатурите за членство во Европската Унија е поделен на поглавја што се обединети во тематски кластери. Во случајот на Украина, поглавјата посветени на преговорите се поделени во шест тематски кластери – „Основи“, „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен економски раст“, „Зелен курс и одржлива поврзаност“, „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“. Тие тематски области се поделени во 33 поглавја.

Со договорот за Европската Унија е предвидено дека сите земји членки мора да дадат согласност за секој чекор од процесот на проширување.