Авганистанскиот бегалец Давод Сафи е осуден на престој во психијатриска болница на неодредено време во Велика Британија, бидејќи во случаен напад избодел маж кој шетал куче. Дваесет и осумгодишниот, возач на Убер, е прогласен за виновен за убиство од небрежност поради нарушена проценливост, пренесува „Скај њуз“.
Нападот се случил во октомври лани во Уксбриџ. Сафи, најпрво, со нож го нападнал својот станодавец Шахзад Фарух, а потоа на улица и 49-годишниот Британец Вејн Бродхрст. Во нападот е повредено и 14-годишно момче. Бродхрст, кој е комунален работник, го шетал своето куче Хари во моментов кога го нападнал Сафи и му нанел 14 убодни рани во главата, вратот, градите и грбот и починал на лице место.
Судијката денеска одреди присилно задржување во строго чувана болница поради психијатриско лекување. Во пресудата стои дека во момент на нападот бил во психотична состојба. На судењето било утврдено дека Сафи во деновите пред нападот доживеал целосен ментален пад. Пател од делузии и верувал дека семејство на неговиот становец се насочила против него. Еден од сведоците го опишал нападот како масакр, а друг рекол дека Сафи изгледал како „обземен од туѓа сила“.
Семејството на Бродхрст барало на Сафи да му се суди за убиство, обвинителството, пак, го прифати признавањето на вина за убиство од небрежност, а одлуката е донесена по добивање на доказите за тешката психичка состојба на Сафи.












