Руската Амбасада во Вашингтон соопшти дека Москва нема да отстапи пред од заканите за американски санкции кон Украина. Ова се случи пред телефонскиот разговор меѓу највисоките дипломати на САД и Русија, пренесе АФП.
– Нема да отстапиме и да стоиме мирно слушајќи ги заканите за американски санкции, објави амбасадата на Фејсбук, додавајќи дека „Вашингтон, а не Москва е тој што ја создава тензијата“.

Западот и Русија ги туркаат сопствените стратешки наративи со тактики кои потсетуваат на ерата на Студената војна. Како што се зголемуваат тензиите околу Украина меѓу Русија и Западот, така расте и информативната војна меѓу двете страни, секоја турка свои стратешки наративи и обвинувајќи ја другата за ширење дезинформации и пропаганда. Русија позиционира војници во близина… Продолжи со читање












