Сведоци на одбраната на 13-мината полицајци на рочиштето поврзано со пожарот во Пулс, даваа исказ пред Кривичниот суд, дека обвинетите помагале трагичната ноќ…За родителите на жртвите, не е спорно дали полициските службеници помагале, но прашуваат зошто не ја спречиле несреќата во која загинаа 63 луѓе, а над двесте беа повредени. Полицајците се обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност.













