Кандидати блиски до власта да станат идни судии и обвинители или одблокирање на примениот испит за последната генерација слушатели на академијата кој заглави поради тендерот за електрoнски софтвер. Власта и опозицијата ги судрија аргументите за измените на предлог-законот за Aкадемијата за судии и јавни обвинители со кои покрај електронски по исклучок квалификацискиот тест ќе се полага и писмено. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, власта има список на кандидати, а со писменото полагање може да се прават манипулации. Пратеникот Милошоски дури објави и дел од имињата за кои тврди дека однапред се знаело дека ќе добијат по 100 поени. Министерот Лога му одговори дека маниупиира и говори невистини кој потенцираше дека главна причина за овие измени е неможноста да се набави софтвер за електронско полагање.
Пратениците од власта потенцираа дека овој закон е важен и поради недостатокот на судии и јавни обвинители особено откако ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за работни односи со кој требаше да се продолжи работниот век на многу судии и обивнители.
Пратениците беа поделени и околу тоа дали се прави злоупотреба на европското знаменце ставено на овој закон. Во предложените измени стои: По исклучок од ставот (1) на овој член, во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настан кој не можел да се предвиди, а поради крајна итност за да не дојде до прекин во спроведувањето на приемниот испит, квалификацискиот тест може да се спроведе во хартиена форма, а резултатот да се добие со електронски читач, без вклученост на човечкиот фактор, водејќи сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите.
Елена Ивановска Мукоја













