Андреј Жерновски во вечерашната емисија Директно рече дека ако за САД можел да критикувам, сега за ЕУ треба да бира зборови како да го опише „овој застој во кој што сме заглавени, бидејќи премиерот не сака да бидеме дел од ЕУ“.
Тој истакна дека Албанија и Црна Гора веќе ги затвораат поглавјата, една Канада бара да стане дел од ЕУ, додека ние не сме заинтересирани.
- Јас ќе ја искоментирам- изјава на Мицкоски од Вашингтон дека раскинувањето на меѓунароните договори било можно само ако сме сами на светот, внимавајте сега се сети премиерот дека раскинување на меѓународни договори не би било добро во овој момент и би биле ние сами. Човекот кој дојде на власт со ветување дека ќе го врати името, дека ќе го раскине договорот за добрососедство во Бугарија сега почнува да резонира поинаку и да каже, откако дојде на власт, дека не е добро раскинувањето на меѓународни договори.Вакво понижување на гласачите е недозволиво, смета Жерновски од СДСМ.













