Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемени се амбулантските прегледи- пикот со грип се очекува средината на февруари и почетокот на март

/

Македонија

Сподели преку :

Стабилна и очекувана е моменталната состојба на пациенти со грип и респираторни инфекции, доколку имаме предвид дека пикот се очекува средината на февруари и почетокот на март. Зголемени се амбулантските прегледи на специјалистичката амбуланта на Инфективната клиника, но треба јасно да се разграничи во кои случаи станува збор за тешки клинички слики и кај кој профил на пациенти, велат лекарите.

  • Во основа тоа се тешки клинички слики, меѓутоа кај пациенти кои се серизно возрасни и со сериозни хронични болести, па и очекуваме да имаме таква клиничка слика. Истото се однесува и кај пациентите со грип. Иако кај грип имаме и помлади пациенти, но повторно пациенти кои имаат многу други и тешки заболувања. Сите овие исто така не се вакцинирани- д-р Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска клиника.

Во период на празници, продолжени викенди, семејни слави, зимски распуст и очекувано беше да се зголеми бројот на пациенти кај матичните лекари, смета доктор Чолакова. Сепак граѓаните треба да бидат свесни како да придонесат за своето здравје и да не земаат лекови на своја рака затоа што прават резистентни соеви.

  • Многу често се случува тоа нашите пациенти така да се лекуваат. На пример: Може ли Панцефот што ми го дадовте, нели десет таблетки има, може јас пола и мажот ми пола ? Затоа апел доктор да каже што треба, затоа што одредена бактерија реагира на одреден антибиотик, не секој антибиотик реагира за да ја уништи секоја бактерија- д-р Лилија Чолакова -Дервишова, матичен лекар.  

Но она што е важно во моментов е да се подигне свеста за вакцинацијата воопшто, не само за грипот, туку и за ширењето на големата кашлица, вели доктор Мехмедовиќ.

  • За да се подигне таа свест дека вакцинацијата же биде единствената пречка  помеѓу тоа што ни се случи 2019 со морбилите и денес оваа зона на комфор којашто ја ѓивееме без морбили.  Имавме само еден случај минатата година во Св. Николе. Вие знаете  што се случи тогаш во регионот околу Св. Николе и Штип родителите почнаа масовно да ги носат своите деца на вакцина против морбили. Да не си играме пак со животите на нашите деца- д-р Злате Мехмедовиќ, Комисија за заразни болести.

За доктор Стевановиќ важно е сите родители кои не ги вакцинирале своите деца да го сторат тоа затоа што Хрватска каде што е алармантна состојбата е блиску, Србија, Црна Гора исто така и да не заборават што се случуваше со морбилите. Се размислува и за ревакцина кај возрасните доколку имаме предвид дека и одредена група возрасни се во ризик кога станува збор за пертусис и тоа со сериозни последици.

Нина Стефанова

Jumbo 2