Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјотрес од 3,3 степени во преспанското подрачје, почувствуван во Битола и околината

/

Македонија

Сподели преку :

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван во југозападниот дел на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала – се наведува во соопштението.

 

 

Jumbo 2