Ако 33 отсто од БДП во држаата отпаѓа на сивата економија, најголем удел има земјоделскиот сектор со преку 50 проценти од сите останати дејности. Само 5 отсто од работниците кои извршуваат земјоделски работи во Пелагонискиот регион имаат договор за работа, над 40 илјади лица се ангажирани на црно. Овие фрапантни податоци се дел од истражувањето на невладината Лаг Агролидер
,,95 проценти од компаниите кои се занимаваат со земјоделска дејност сметаат дека скриената економија и ангажирањето на лица на неформален начин не претставува ризик за нивната компанија. О друга страна оштетени се лицата кои се неформално ангажирани бидејќи не им се плаќа толку колку што се договориени. Оштетена е и општината која не добива дел од персоналниот данок” вели Даниела Цветаноска, ЛАГ Агролидер .
Експертите велат дека неопходни се државни мерки и инспекциски контроли за сузбивање на сивата економија и работата на црно во земјоделскиoт сектор
”Државните институции треба да имаат поголема контрола во компаниите кои работат во земјоделскиот сектор. Понатаму потребна е поголема институционална одговорност, тое е клучот за скенирање на скриената економија во земјоделскиот сектор,, вели Талија Петреска.
И зелените пазари се дел од од скриената неформална економија, па потребна е и нивна регулација.
,,Да се регулираат пазарите на земјоделски производи, тоа е една од мерките што треба да се направи за да се соберат даноците онака како што треба да бидат собрани,, вели Горан Томески.
Истражувањето за неформалната економија во земјоделскиот сектор во Пелагонија е спроведено од јули до септември лани. Вклучени се над 200 анкетирани, од кои 170 работници и 40 компании. Како дел од истражувањето ЛАГ Агролидер изготви и документ за јавна политика Намалување на степенот на сивата економија во земјоделскиот сектор.
ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА













