Над 200 приговори поднесе граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ за Нацрт-просторниот план на државата до 2040 година. Од организацијата информираат дека доставиле вкупно 240 приговори, со детални образложенија на повеќе од 450 страници и приложени докази.
Од „Здрава котлина“ бараат забелешките да бидат земени предвид при разгледувањето на планот, со кој се предвидуваат и рударски проекти во југоисточниот дел на земјата.
Тие сметаат дека штетните последици по плодната почва нема да може да се отстранат и децении по затворање на таков рундик и затоа за нив овој проект е недозволив.
-Стотиците расположливи илајди хектари, прва категприја земја. Да ми кажете било каква паушална цена. И за стотиците илјади години кои ќе се токсираат од отпадоците од сулфати, сулфиди, цијаниди, роданиди, кои се користат за флатација на таа руда илјадиници години. Помножете со хектарот што ви го кажав. Практично нема споредба со дваиполте проценти кои ќе ги земе од концесионерите, изјави Илија Даов.
Паралелно со институционалните активности, екоактивистите продолжуваат и со средбите со локалното население. Досега разговараа со жителите на Радово, во Општина Босилово, за потенцијалните ризици од отворањето на рудникот Иловица.
-Треба да бидеме единствени, ништо друго не е спасува. Инаку како што кажав и претходно, ако ние сме единстевни кој и да биде на власт нема да може да го отвори рудникот. Против народот не може никој. Тие луѓе што се на власт се избрани од нас, затоа мора да го слушаат и гласот на народот, вели Митко Ѓоргиев.
Во наредниот период најавуваат посети и на другите населени места во општината, со цел жителите да се информираат за предвидените плански решенија и можните последици врз животната средина и земјоделството.
Сузана Мицева













