Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши надзорот во болниците каде се лекувала Љубица Шавреска, која го загуби плодот

/

Македонија

Сподели преку :

Завршен е вонредниот инспекциски надзор во болниците во Охрид, во Струга и на ГАК во Скопје, по случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска, која го загуби плодот.

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека се проверува и работата на матичниот гинеколог, како и третманот во приватната здравствена установа.

Во меѓувреме, завршен е и стручниот надзор за случајот со 19-годишната Станка Михајлова од Штип, која по породувањето остана во инвалидска количка.

Нејзиното семејство тврди дека пред породувањето немала здравствени проблеми.

Михајлова, по царскиот рез имала слабост на двете нозе и проблеми со мокрењето, по што била префрлена на Клиниката за неврологија.

Резултатите од надзорот за овој случај ќе бидат презентирани утре. И за двата случаи се проверува дали имало пропусти во лекувањето.

 

Jumbo 2