Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот и странскиот пазар

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дел од запленетите нелегални лекови во акцијата што на десетина локации се спроведуваше пред неколку дена биле наменети за домашниот но и за странскиот пазар.

До овие информации се дошло по претходни оперативни акции и вештачења на мобилни телефони…

Операцијата се спроведе во координирана акција со Јавното обвинителство за сузбивање на организираниот криминал, со цел спречување на нелегалната трговија и криминалните активности.

Во акцијата се конфискувани лекови, суплементи, мобилни телефони и други предмети, а претреси беа извршени на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

Истрагата го откри организираното нелегално внесување и складирање на овие стоки преку давање поткуп на царински службеници. Оваа криминална група избегнала големи давачки, а преитоа било доведено во опасност здравјето на граѓаните.

Jumbo 2