Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запалени стари автомобилски гуми во Желино – ослободени опасни и штетни материи, здравјето на луѓето во втор план

/

Македонија

Сподели преку :

Црн чад на небото над тетовскиот регион, откако денес околу пладне беа опожарени стари автомобилски гуми на отворен простор во Желино. Гаснењето на пламените јазици се одвиваше отежнато поради големата количина и составот на гумите.

„Нема опасност од ширење на пожарот на соседни објекти, но последиците се големи затоа што при горењето на гумите се ослободуваат различни опасни и штетни материи, кои може да предизвикаат последици по здравјето на луѓето и животната средина“, сметаат лекарите.

Надлежните институции треба да утврдат дали има одговорност. Вонреден инспекциски надзор спровеле од Државниот инспекторат за животна средина, а на терен пристигнале и полициски службеници на СВР Тетово.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – кој и зошто ги запалил гумите, а што претставува кривично дело” загадување на животна средина и природата”, согласно член 218 од Кривичниот законик“, информираат од СВР Тетово.

Пред три месеци изгоре поголема количина на бои и лакови во пожар во железарија во тетовско Фалише. Тетовчани го паметат и големиот пожар во 2022 година во фабриката „Пофикс“, во кој изгоре магацински простор со стиропор и градежен материјал.

Данијела Билбилоска

Jumbo 2