Ноќеска во Чаир било опожарено возилото на заменик директорот на Државна Лотарија, Ахмет Мифтари.
Од полицијата потврдија дека инцидентот би пријавен околу 2:12 часот ноќеска.
Било запалено возило марка „бејџинг бејч“ која е во сопственост на Државна Лотарија, а како службено го користел Мифтари.
Пожарот го изгаснале скопските пожарникари, а се истражува дали бил подметнат.
На 13.10.2026 во 02:12 во СВР Скопје М.А.(42) од Скопје пријави дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје било опожарено патничко возило „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал. Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР .

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор, бидејќи истекува мерката што му ја одреди судот, а која најмногу може да трае до 60 дена согласно законот од нејзиното определување. Сè уште нема одлука за неговото барање за враќање на пасошот со гаранција од над 300 илјади евра, а за тоа се чека произнесување… Продолжи со читање













