Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Западнонилската треска се шири во Грција: 65 заразени и шест починати

/

Македонија

Сподели преку :

Грција бележи нов пораст на случаите на вирусот Западен Нил, откако во изминатата седмица беа потврдени 23 нови инфекции. Според Националната организација за јавно здравје, од почетокот на сезоната се регистрирани вкупно 65 случаи, а шест лица починале.

Најголем дел од заразените се од областа Атика, поширокиот регион на Атина, а повеќе од 50 пациенти развиле сериозни невролошки симптоми, како енцефалитис и менингитис.

Дваесет лица во моментов се хоспитализирани.

Меѓувреме, кај нас пак, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во Македонија најголем број од регистрираните случаи на западнонилска треска се во Скопскиот регион и Велес.

Тој посочи дека се спроведени вонредни прскања против комарци околу местата каде што се евидентирани заразени лица, а извршена е и контрола на редовните третмани што ги спроведуваат општините.

Клековски апелираше граѓаните да преземат лични мерки за заштита од комарци и да не дозволуваат задржување на вода во дворовите и околината.

Потсети дека вирусот не се пренесува од човек на човек, туку преку заразени комарци, при што природни домаќини на вирусот се дивите птици.

Дополнително, тој повика на зголемена внимателност при патувања во тропски и ризични подрачја и навремено јавување на лекар при појава на симптоми по враќањето.

Jumbo 2