Најавените кадровски промени во вториот и третиот ешалон на власта, треба да се случат наредната недела, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за позиции на заменици-министри и директори, а конечните решенија треба да бидат усогласени со коалициските партнери.













