Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска од Штип.
Министерството за образование и наука, заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации, направиле истражување за да видат како се хранат учениците во Македонија. Утврдени се неправилности во исхраната на учениците.
Инаку, штипското училиште „Димитар Влахов“ е првото во Општината кое заедно со родителите донесена е одлука за забрана на мобилните и на нездравата исхрана.
В.Ј.













