Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За зградата кај Воена Болница, Конзерваторскиот центар ќе го поништи позитивното мислење, соопшти министерката за култура

/

Македонија

Сподели преку :

Скопскиот Конзерваторски центар уште денеска треба да го поништи позитивното конзерваторско мислење издадено за висококатницата кај поликлиника „Букурешт“ врз основа на кое потоа Опшштина Карпош издала и дозвола за градба, потврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека таков заклучок е посочен во извештајот на работната група која вршеше надзор од формално – правен аспект врз издаденото козерваторско мислење од НУ „Конзерваторски центар“.

-Во извештајот стои дека тоа издадено решение не е во согласност со правилникот по Законот за заштита на културното наследство и го враќаме назад кон првостепениот орган од кој очекуваме уште денеска да биде поништено. Не се одолговлекуваше постапката, затоа што друга надлежна установа е Управата за заштита на културно наследство и тие беа директно повикани од Државниот управен инспекторат да извршат надзор во Конзерваторски. Тие инспектори од засега непознати причини, не излегуваа на терен, дури вчера излегоа. Она што беше во наш домен ние тоа го завршавме, посочи министерката Костадиновска Стојчевска.

Според Костадиновска Стојчевска конзерваторското мислење ќе се поништи, но избегна да одговори дали тоа ќе значи дека ќе биде запрена изградбата, односно одземена градежната дозвола. Министерката нагласи дека за тоа ќе решаваат понатаму други институции.

Градилиштето на новата 17-катна зграда во близина на медицинскиот хелиодром и на Градската болница „8-ми септември“ веќе е оформено по издадена градежна дозвола на општина Карпош и покрај противењето на невладините еколошки активисти и на советничката група „Независни за Карпош“.

Jumbo 2