Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За Законот за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ ќе се расправа по одморите

/

Македонија

Сподели преку :

Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година нема да се најде на дневниот ред на денешната 119. собраниска седница.

Ова е компромисот кој на вонредната координација на претседателот на Собранието Африм Гаши и шефовите на пратеничките групи е договорен откако претходно опозицијата со процедурални забелешки не дозволи да се утврди дневниот ред.

Договорено е законот да биде ставен на нова седница по летниот одмор на пратениците.

Платформата за борба против корупцијата со писмо до Гаши бара итно стопирање на донесувањето на Предлог-Законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието на Република Северна Македонија веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа… Продолжи со читање

telma.com.mk

Реагираше и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од каде што посочија дека Законот за јавни набавки не смее да се заобиколува. Оттаму посочија дека примената на начелата на транспарентност, фер конкуренција, економичност, интегритет и ефективна контрола не смее да биде доведена во прашање, независно од институционалната форма преку која ќе се реализира проектот или од неговото значење.

Jumbo 2