По реакциите на јавноста дека претседателот на Собранието Африм Гаши втора година по ред нема да биде дел од чествувањето на државниот празник „Илинден“, денеска тој на прашање на новинарите изјави дека посетата во Египет е многу значајна и во консултација со државниот врв одлучиле тој да патува таму.
Гаши истакна дека Собранието има удел во орагнизацијата на празникот секоја година и дека поканите биле пратени од негово име. Порача дека Африм Гаши претседателот на Собрание ги почитува сите државни празници и дека тоа го покажал секогаш, од првиот ден во политиката. Единствено, како што рече, ќе недостасува неговиот говор на Илинден.
-Ова е посета е многу значајна, а од друга страна протоколот на државата утврди дека Илинден се чествува на најдобар можен начин. Со учество на сите битни институции. Јас лично нема да оддржам говор таму, но сум дел од ораганизацијата. Поканите се испратени во мое име. Има собраниски делегации во сите места и во „Пелинце“ и во „Мечкин Камен“ и пред Собрание. Така што Собранието како институција ќе учествува, потполно во делот на чествување на Илинден. Со тоа што мислевме дека не треба да се пропушти можноста да се учествува на една таква важна конференција во Египет. Од друга страна имаме и официјална посета на египетскиот претседател на Собрание. Сакам да испратам порака дека Африм Гаши претседателот на Собрание ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш, од првиот ден во политиката. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси, од една страна ќе биде „Илинден“ организиран на најдобар можен начин, а од друга страна ќе ја искористиме можноста да учествуваме на важна конференција, изјави Гаши денеска пред новинарите.













