Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ падна, ама во Куманово победи со 14:1- македонските гласачи на српските избори донесоа 995 гласа за поранешниот претседател

/

Македонија

Сподели преку :

На парламентарните избори во Србија, убедлива победа со над 615 илјади гласа разлика (+14%) однесе Студентската листа, а се гласаше и во Македонија.

За разлика од Србија каде гласачите после 14 години му кажаа збогум, Александар Вучиќ меѓу македонските гласачи за српските избори се уште е популарен и покрај огромните критики за неговото владеење кои доведоа до негов пад, покажуваат податоците кои официјално сега ги објави и Републичката изборна комисија на србија.

Во Куманово на избирачко место во почесен конзулат,СНС, партијата на Вучиќ добила 92,41% од гласовите односно 487 гласа, за разлика од победничката Студентска Листа која освои 35 гласа. Односот е 14:1 во корист на оној што ја изгуби власта во Белград. Сите останати во Куманово освоиле 4 гласа. Сепак и покрај победата на овие, на претходните избори во 2023-та СНС на Вучиќ победила уште поубедливо и пред три години освоиле над 93% од гласовите.

Во Скопје, на гласачкото место 69 во српската амбасада, победила СНС со 508 наспроти 165 гласови на победничката Студентска листа. Односно со 3:1. И во Скопје е намалена популарноста на Вучиќ во однос на изборите од пред 3 години.

Вкупно од Македонија, губитникот на изборите доби 995 гласа, но таканаречениот изборен „landslide“во Србија донесе убедлива победа на Студентската листа, а покрај Вучиќ изгубија и сите опозициски партии кои учествуваа на изборите додека повеќе опозициски партии се откажаа од изборите кои на крај имаа референдумско изјаснување за прекин на долгогодишното владеење на партијата на Вучиќ.

Куманово пак на своето гласачко место му донесе убедлива победа односно втора по големина на српските избори, повеќе про-Вучиќ од Куманово биле само резултатите во селото Брањево во Република Српска, БиХ.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2