Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховен суд со образложение за укинатата пресуда за Стевчо Јакимовски, кој по лекувањето останува на слобода

/

Македонија

Сподели преку :

Дали општинскиот објект е тврда градба или монтажен не утврдиле пониските судови за да можат да донесат пресуда против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за бесправно градење, е образложението на Врховниот суд. Со одлуката на Врховниот суд Јакимовски излегува од затвор, а предметот се враќа на повторно постапување.

  • Врховен суд: „Според овој суд, во конкретниот случај не е точно утврден видот на деловниот објект, па врз основа на тоа да се даде одговор дали за поставениот монтажен објект било потребно одобрение за градба кои факти се од значење за утврдување на постоењето на елементите на кривичното дело кое му се става на товар.“

Во образложението се наведува и дека судот треба јасно да го утврди типот на објектот на привременото општинско седиште во Карпош за кое се гони Јакимовски.Тој беше осуден на една година затвор, а во моментов е на болничко лекување.Но, нема да се врати зад решетки бидејќи Врховен суд ја доставил одлуката до Кривичен суд, кој ќе ја извести затворската установа дека осудениот се ослободува опд понатамошно извршување на санкцијата.Полицијата вчера поднесе кривични пријави против него и две општински службенички за сомнително издавање дозволи за градба. Јакимовски е пријавен за несовесно работење во службата, додека двете службенички се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Мирија Митевска

Кривична пријава за Стевчо Јакимовски и две општински службенички

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и две општински службенички, за сомнително издавање дозволи за градба… Пријавите се поднесени по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага на секторите за економски криминал и корупција… Според МВР, првопријавената Благица Блажевска како раководител на Сектор за урбанизам во Општина Карпош,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2