Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возачот кој ја предизвикал сообраќајката на Радишанска во која загина моторџија, избегал

/

Македонија

Сподели преку :

За две кривични дела, за предизвикување сообраќајка со смртни последици и бегање од местото на несреќата се гони 46 годишен маж од Скопје. Обвинителството го осомничи за Тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош во сообраќајката која се случи на улицата Радишанска во петокот на пладне.

Во неа загина 19 годишниот Никола Макрачевски кој со моторот кавасаки удрил во друг авотмобил, а не во сеат алтеата која ја возел осомничениот. Обвинителството утврдило дека осомничениот на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока.

На тој начин го пресекол патот на моторот “кавасаки” кој доаѓал од спротивната страна на крстосницата. За да избегне директен судар со автомобилот, Макрачевски со моторот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока и се судрил со друг автомобил. Загина на место.

– Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”. Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото, информираат од Основно јавно обвинителство – Скопје.

Делата по кои го гони обвинителството предвидуваат казна од 1 до десет години за сообраќајката и три месеци до пет години затвор за неукажување на помош.

Според обвинителството несреќата се случила поради небрежност на возачот кој сега е осомничен.

За него предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува во Судот, и привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола.

Според првичните информации возачот на моторот не носел кацига, а возилото било без регистрации. Инаку слична сообраќајна незгода се случи пред два месеци во која исто така загина 19 годишно момче на мотор.

Возило му го пресече патот на пластичарска улица, а возачот заврши во притвор бидејќи меѓу другото ја предивикал сообраќајката додека бил дрогиран. Истрагата за неа се уште трае.

Билјана Николовска

Jumbo 2