Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли оштетија влезна врата на воени магацини во Еребино

/

Македонија

Сподели преку :

Четворица Полјаци се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави за „Неовластено влегување во воени објекти“. Тие со четирицикли ја оштетиле влезната врата на воените магацини во „Еребино“ во Тетово. Војниците кои биле на стража задржале четворица од групата која броела седум лица.

Сите задржани се државјани на Полска на возраст од 36 до 55 години. Тројца други кои исто така учествувале во инцидентот, побегнале и по нив  се трага.

„На 28.09.2026 во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот.

Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство. Четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци“. соопштија од полицијата.

Jumbo 2