Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Штип засилено ќе се работи на спречување на врсничкото насилство во основното и средното образование, со фокус на сајбер насилството

/

Македонија

Сподели преку :

Повеќе работилници за учениците и наставниот кадар на тема врсничко насилство ќе има во новата учебна година во штипските основни и средни училишта, која стартува од 1 септември.

Општинските училишта минатата година воведоа дежурства на наставниот кадар за време на училишните одмори, а превенцијата против насилството меѓу учениците се засили и со постојани разговори на педагошките служби со учениците и наставниот кадар.

„Се воведоа дежурства во ходниците за време на одморите , така што учениците постојано се под контрола. Исто така педагошките служби ги интензивираат своите работи, постојано работат со учениците. Освен на учениците, даваат поддршка на наставниот кадар, но и на родителите„ -вели Снежана Санева од општина Штип.

Експертите посочуваат дека едно од најопасните форми на насилство меѓу учениците е сајбер насилството.

Во изминатиот период за повеќе од 30% е зголемено насилството на социјалните мрежи, покажуваат анализите.

Девојчињата најчесто се соочуваат со ширење на лажни информации, закани и им се злоупотребуваат личните податоците.

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба преку интернет покажа и извештајот  „Спречување на штета во Македонија”,  изработен од УНИЦЕФ, ЕКПАТ и Интерпол, во соработка со Владата.

Викторија Јованова

Jumbo 2