Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во притвор кратовчанката која незаконски наплаќаше влез во локалитетот Куклица, продолжен е притворот и на нејзиниот сопруг

/

Македонија

Сподели преку :

Стојна Димитровска, која незаконски наплаќаше влез во локалитетот Куклица доби осумдневен притвор за напад на полициски службеници. Пред два дена таа нападнала неколку посетители на локалитетот Куклица, а кога дошла полицијата да интервенира, ги нападнала и полициските службеници.

Веднаш е изведена пред судија во скратена постапка и и бил одреден притвор. За нападот врз приватните лица се уште се води постапка за да се утврдат сите околности и евентуалната кривична одговорност.

-Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Куклица“, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението, велат од ОЈО.

Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори.

Денеска на обвинителна клупа седна сопругот на Стојна Димитровска. Против него е поднесено обвинение откако пред две недели со фрлање камења нападнал инспектори на УЈП. Судот му го продолжи притворот за уште 30 дена. Инаку, сопружниците се гонат како соизвршители за кривичните дела спречување службено лице во вршење службено дејствие и узурпација. Пративме прашања од основниот суд во Кратово за тоа каква судска одлука е донесена на денешното рочиште, но не добивме одговор.

Случајот со локалитетот Куклица е во фокусот на јавноста откако беше објавено видео кое стана вирално и на кое се гледа како Стојна Димитровска наплаќа влез на посетителите, а потоа и физички ги напаѓа. Во меѓувреме, Општина Кратово и Здружението „Извор“ водат спор околу тоа кој има право да стопанисува со локалитетот.

Специфичноста на случајот е што Куклица е природно богатство од јавен интерес, но пристапот до локалитетот води по пат што минува низ приватни имоти. Еден од тие имоти е во сопственост на лица кои му го отстапиле на користење на семејството Димитровски, што дополнително ги усложнува односите околу пристапот до локалитетот.

Симона Петровска

 

Jumbo 2