Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
ФОТО МИА

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

/

Македонија

Сподели преку :

ФОТО МИА

Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.

Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и свртил кон Кемиштај, јави МИА.

– По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа – објавија медиумите.

Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.

 

Jumbo 2