„Уапсениот вработен се обидел да земе мито и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС, немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ, преку приведениот шофер во СОЗР, дека „сите земаат мито, дури и возачите во владата“.
„Ова денеска, низ овој и многу други примери, се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но, Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.













