Талогот во СДС го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје, СДС да не си поигрува со здравјето на граѓаните водата е чиста и безбедна за консумирање, се вели во соопштењнието од ВМРО – ДПМНЕ,
- СДС со умисла содааат паника за одредени структури да профитираат. Ова е безобразен, организиран напад на опозицијата, СДС и Левица за ширење хистерија, страв и паника. Граѓаните на Скопје пијат чиста и безбедна вода, тоа го потврдија и сите надлежни институции. Секој ден се прават околу 40-тина анализи на вода од различни локации во град Скопје. Скопје има една од 5-те најдобри води и извори на вода во Европа, велат од владеачката партија.
Го обвинуваат Венко Филипче од Грција каде бил на одмор кај Заев дека дал насока до партиските послушници од СДС да креираат хаос и паника кај населението бидејќи нема што друго да понудат на граѓаните.













