СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии, велат од партијата на власт.
Оттаму пишуваат дека во владеењето на СДСМ парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, оделе во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.
–Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ реагира дека предметот што го отворила ДКСК се однесува на можен судир на интереси кај едно лице и не претставува истрага за наводно потрошените 5,5 милиони евра за прославата на 35 години независност. Од партијата бараат Јавното обвинителство да ги провери договорите, фактурите, исплатите и текот на парите. Од опозициската партија дополнително прашуваат за… Продолжи со читање













