Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ: Остатоците на претходната власт во правосудството повторно ги заштитија криминалците

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ  упатува жестоки критики кон македонското правосудство, обвинувајќи дека политички структури поврзани со СДСМ и ДУИ и натаму имаат влијание врз институциите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, во своето обраќање се осврна на случајот „Ласкарци“, во кој во сообраќајната несреќа загинаа 16 лица.

„Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците“, изјави Манасиевски.

Манасиевски ја спомена и одлуката која е поврзана со Стевчо Јакимовски, оценувајќи дека и овој случај, според него, покажува сериозни слабости во функционирањето на правосудниот систем. Од партијата посочија и на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица.

„Само во македонското судство и обвинителство може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен“, рече Манасиевски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, институциите мора да бидат ослободени од политички влијанија.

„На Македонија не ѝ треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. Ѝ треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата“, порача Манасиевски.

Од партијата најавија дека, како што велат, нема да молчат и ќе продолжат да бараат „правда и одговорност“.

Jumbo 2